Срамен потег на играчот на Црвена З. и тоа поради Цеца

414

Веста за ненадејната смрт на поранешниот играч на Црвена Звезда, Дејан Миловановиќ, ја потресе Србија. Миловановиќ доживеа тежок срцев удар за време на ревијалниот натпревар на 16 септември и почина во болница во Белград.

Иако штотуку ја испратија легендата на тимот во вечното почивалиште, играчите на Црвена Звезда не престанаа да слават по победата во градското дерби против Партизан (2:1).

Од соблекувалната на „црвено-белите“ можеа да се слушнат познати народни песни, а на поранешниот играч на Црвена Звезда, Драган Богавац, тоа не му се допадна.

Тој тврди дека сцените од прославата биле апсолутно ужасни и дека на играчите на српскиот шампион не им требало тоа.

„Еден пријател кој ја сака Црвена Звезда ми пиша: „Брате, не се согласувам со ова, што мислиш ти?“ Оној ден кога го испративме нашиот капитен Дејан Миловановиќ кон неговото вечно почивалиште. Го гледам видеото и не верувам“, рече Богавац и додаде:

„Се чини дека многу играчи немаат исто мислење како нас. Таму нема љубов. Не дека обвинувам некого, туку да се држи касетофон и да се пее заедно со Цеца тој ден…“

„За мене, тоа е катастрофа. Можеш да славиш некој друг ден. Тоа беа наши играчи, нема да ги именувам, нека се пронајдат себеси.“

„Не велам, Иваниќ го скандираше неговото име, натпреварот беше посветен на него, но зошто музиката? Нема музика. Го закопавме нашиот ѕвезден играч“, рече Богавац во подкастот Wish&Go.

Драган Богавац го носеше дресот на Црвена Звезда од 2002 до 2005 година и постигна девет гола на 65 настапи. Денес тој е далеку од фудбалот. На 33 години, ги закачи копачките и се посвети на својата вера.

„Пресвртницата дојде на 33 години. Дотогаш не верував толку многу, но мора да нè снајде некоја неволја за да ги спасиме нашите души. Ми се случи кога се опоравував од повреда на Ахиловата тетива. Го напуштив фудбалот и тоа беа тажни денови за мене. Сепак, тогаш започна вистинската радост во мојот живот. Чудни работи се случуваа и штом стапнав во Хиландар, нешто ме обзеде. Беше еден вид смирување. Почнав да плачам, сè се промени и од тој момент, повеќе не ме интересираше фудбалот“, рече Богавац.

Во текот на својата кариера, Богавац играше за Бургхаузен, ТуШ Кобленц, Падерборн, Мајнц, Астана и ОФК Белград.

ИЗДВОЕНИ