„Спроведете го договореното“, побара Зеленски од сојузниците по ноќните руски напади на Киев

136
Фото: EPA

Во својата прва реакција на синоќешните руски напади, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците да „спроведат сè што е договорено во Париз“.

Тој напиша на Телеграм дека Украина била погодена од „повеќе од 800 дронови, 13 ракети, од кои четири се балистички“, пишува Би-Би-Си.

Осврнувајќи се на извештаите дека 32-годишна жена и нејзиното двомесечно дете биле убиени во Киев, Зеленски рече: „Ваквите убиства сега, во време кога вистинската дипломатија можеше да започне одамна, се намерен криминал и продолжување на војната“.

Откако таканаречената „коалиција на подготвените“ се состана во Париз оваа недела за понатамошни разговори за безбедносните гаранции за Украина, Зеленски повторно ги повика сојузниците да „спроведат сè што е договорено“.

ИЗДВОЕНИ