сабота, јануари 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Спроведена акција за селектирање на отпад

Спроведена акција за селектирање на отпад

52

Акција за собирање електронски отпад се спроведе вчера во Кавадарци, отпадот беше селектиран од страна на образовните институции и служби од Општина Кавадарци.

– Електронскиот отпад, што е нефункционален и расипан, наместо да заврши на градската депонија, се наоѓа на соодветното место каде што продолжува процесот на неговата рециклажа – информираа од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Оттаму додадоа дека ова претставува само прв чекор кон правилно управување со сите видови отпад.

Акцијата ќе продолжи и од почетокот на новата учебна година, кога сите ученици кои дома поседуваат нефункционален електронски отпад, ќе можат да го депонираат во веќе поставените контејнери за електронски отпад во сите образовни институции.

Сето ова се реализира со колективниот постапувач ,,Нула отпад”, со кој Општина Кавадарци има склучено договор за меѓусебна соработка.

 

ИЗДВОЕНИ