четврток, февруари 26, 2026
Дома СВЕТ Спречен ужас во Германија: Мајка и се заканувала со нож на 9-годишната...

Спречен ужас во Германија: Мајка и се заканувала со нож на 9-годишната ќерка, девојчето скокнало од балкон – ја спасил соседот

27

Вчера попладне во Бремен, Германија, мајка ѝ се заканила на својата деветгодишна ќерка со нож и ја повредила. Девојчето од страв избегало на балконот и се фрлило од првиот кат на зградата, соопшти полицијата. За среќа, трагедијата ја спречил сосед кој ја фатил, пишува Шпигел.

Според полицискиот извештај, 62-годишен сосед ја гледал ситуацијата од прозорецот и успеал да ја фати девојката додека паѓала. Полицијата потврдила дека девојчето претрпел само полесни повреди. Засега не е познато зошто се случила таква ситуација во семејниот стан.

Полициските сили кои излегле на терен ја уапсиле 38-годишната мајка. Се вели дека жената има психолошки проблеми и е сместена во клиника на лекување. Во меѓувреме, девојчето е згрижено кај таткото.

ИЗДВОЕНИ