вторник, февруари 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

61

Нелегален транспорт на оружје од Турција преку Бугарија за Македонија спречила ноќеска (24-25 декември 2025) Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција преку брза размена на информации и соработка со бугарските служби односно преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија.

-Во текот на ноќта 24 – 25 декември 2025, по преземени мерки и активности во координација со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија на Граничниот премин „Капитан Андреево” извршен е претрес на товарно возило „Волво“ со македонски национални ознаки, при што во товарниот простор се пронајдени и одземени три пушки, 20 пиштоли и 5750 куршуми, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР наведува дека по целосно документирање  на случајот и утврдување на сите инволвирани лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ИЗДВОЕНИ