Маж е уапсен поради наводен заговор за атентат врз унгарскиот премиер Виктор Орбан, соопшти денес Националното истражно биро на земјата.
Унгарската полиција соопшти дека мажот се регистрирал на веб-страница хостирана на сервер во странство за да пронајде некој што е подготвен да го убие Орбан за парична награда, објави новинската агенција МТИ.
Тој наводно објавил на веб-страница во јули 2025 година дека е подготвен да плати во унгарски форинти или која било друга валута на некој што, како што го нарече „најдобриот платен убиец“, е подготвен да го убие унгарскиот премиер Виктор Орбан, се вели во соопштението на Националното истражно биро.
Човекот, кој беше идентификуван со помош на Унгарската служба за борба против тероризмот (TEK) по апсењето, го признал делото за кое е обвинет.