Шведскиот сервис за стриминг Spotify денес воведе нова функција за приватни пораки што им овозможува на корисниците да споделуваат музика, подкасти и аудиокниги во рамките на апликацијата, без да мора да користат други платформи.
Функцијата сега е достапна за корисници над 16 години на одредени пазари, на мобилните верзии на апликацијата за бесплатни и премиум сметки, објавува Verge.
Пораките може да се испраќаат со избирање на опцијата „сподели“ додека слушате песна, подкаст или аудиокнига и избирање пријател со кого сакаат да ја споделат содржината.