Спортско-рекреативен центар во Кучевишка Бара

57

Старото фудбалско игралиште во населеното место Кучевишка Бара ќе блесне во ново руво. Од Општина Бутел информираат дека е започната изградбата на новиот спортско-рекреативен центар кој ќе се протега на површина од 2.000 квадратни метри и ќе има многу нови содржини.

– Зачувување и негување на маалскиот живот е наша цел. Новиот спортско-рекреативен центар ќе содржи: ново фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, детско игралиште кое ќе го замени старото и уништено, летниковец и клупи, како и нов парк со зелена површина – соопштија од Општина Бутел.

ИЗДВОЕНИ