Според последните обработени податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 55 општини, СДСМ, Вреди и НАИ во 7

58

Според последните податоци на ДИК од досега обработени 43,32 отсто од гласовите и податоци од 1 713 избирачки места од вкупно 3 474, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 53 општини, Коалицијата ВРЕДИ, СДСМ и Националната алијанса за интеграција во седум општини и Демократската партија на Турците во една општина.

Во општина Аеродром, кандидатот Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ води со освоени 56,81 проценти од гласовите, пред кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски, кој има 18,27 проценти.

Во Гази Баба, водство има Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ со 50,97 проценти, додека Влатко Митовски има поддршка од 24,20 проценти. Во Ѓорче Петров, кандидатот Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ води со 58,06 проценти, а неговиот противкандидат од СДСМ, Костадин Ацевски, има 19,22 проценти.

Во Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 58,59 проценти, пред Јане Ацевски од Левица кој има 16,71 процент.

Во Сарај, води Блерант Рамадани од НАИ со 49,66 проценти, додека Мухамет Елмази од ВРЕДИ има 48,63 проценти.

Во Центар, водство има Горан Герасимовски од СДСМ со 38,58 проценти, пред Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ кој има 25 проценти.

Во Чаир, Изет Меџити од ВРЕДИ има поддршка од 55,61 проценти, додека Бујар Османи од НАИ има 36,86 проценти.

Во Бутел, води Исамедин Азизи од НАИ со 55,45 проценти, пред Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој има 23,02 проценти.

Во Карпош, Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ води со 38,61 проценти, додека Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 24,09 проценти.

ИЗДВОЕНИ