Според најновата истрага: Скандал во британската пошта можеби довел до 13 самоубиства и речиси 60 потенцијални жртви

241
Фото:википедија

Скандал со поштата на Велика Британија, една од најлошите правосудни грешки во историјата на земјата, можеби довел до 13 самоубиства и околу 60 жртви кои размислувале да си го одземат животот, покажа извештај објавен денес.

Помеѓу 1999 и 2015 година, речиси 1.000 менаџери на мали франшизи на пошти беа обвинети за кражба и гонети за злоупотреба на податоци од сметководствениот софтвер Horizon на Fujitsu. Повеќе од 700 беа гонети за кражба и фалсификување фактури.

Извештајот, кој е резултат на јавна истрага започната во 2000 година, откри дека 59 лица размислувале за самоубиство, а 10 се обиделе да извршат самоубиство. Меѓу нив биле вработени во малите пошти и нивните семејства. Во извештајот се вели дека 13 лица, вклучувајќи шест поранешни менаџери, извршиле самоубиство поради скандалот.

Министерот за трговија ветува обештетување

Шефот на истрагата, Вин Вилијамс, рече дека постои „реална можност“ аферата да предизвикала 13 самоубиства, но рече дека не може дефинитивно да го докаже тоа. „Доказите што ги видов ме убедија дека голем број виши и помлади вработени во Поштата знаеле или требало да знаат дека Legacy Horizon може да содржи грешки“, напиша тој во извештајот.

„Во текот на работењето на Legacy Horizon, Поштата постојано тврдеше дека нејзините податоци секогаш биле точни“, додаде тој. Поранешниот британски премиер Риши Сунак го опиша случајот како „еден од најголемите грешки во правдата во историјата на земјата“.

Неколку од пресудите во случајот оттогаш се поништени. Министерот за трговија Џонатан Рејнолдс денес вети дека погодените поштари ќе добијат надомест.

Во јануари минатата година, британскиот телевизиски канал „ITV“ емитуваше драма за аферата, „Господин Бејтс против Поштата: Вистинската приказна“, во која беше хронолошки прикажана правната битка на еден од поштарите, Алан Бејтс.

ИЗДВОЕНИ