Центрисктичката партија Д66 е на пат да победи на денешните холандски национални зибори и да ја порази крајната десница, отворајќи му пат на својот енергичен лидер Роб Јетен да стане најмладиот и првиот отворено геј премиер на Холандија, покажаа излезните анкети, пренесе „Хина“.
Излезната анкета предвидува дека Д66 ќе освои 27 места во долниот дом на парламентот кој има 150 места, пред Партијата на слободата на крајната десница на Герт Вилдерс со 25 места.
Анкетата има маргина на грешка до три места. Популарноста на 38-годишниот Јетен се зголеми во изминатиот месец, додека водеше кампања со позитивна порака „Да, можеме“, ветувајќи крај на политичката ера во која доминираше Вилдерс, победникот на претходните избори во Холандија.
Се чини дека краткотрајното време на националистичката, антимиграциска партија на Вилдер на власт засега е завршено, бидејќи главните партии од левицата до десницата ја ислучија можнота за приклучување во колаиција со нив.












