„Во 2025 година, Спомен-домот на Разловечкото востание е прогласен за значајно културно наследство. Во пресрет на одбележувањето на 150-годишнината од Востанието, следната година, почнуваме со целосна обнова на објектот и со поставување современа музејска поставка. Секој дел од поставката и секој експонат ќе биде дизајниран да ја раскажува вистината за Востанието, за храброста, жртвата и значењето на македонскиот отпор“, кажа министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при вчерашната посета на Владината делегација на Делчево и Разловци, а по повод одбележување на 149 години од Разловечкото востание
„Разловечкото востание е темел на македонската револуционерна борба, историја што не смееме да ја заборавиме, ниту да ја занемариме. Во чест на сите оние што организирано се кренаа на оружје против османлиската власт, Спомен-домот на Разловечкото востание е жива врска со корените на македонската борба за слобода и национална самобитност. Во минатото, за жал, Спомен-домот беше оставен на забот на времето. Но тоа време заврши… Решивме да го вратиме неговиот сјај “, кажа, меѓу другото, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при вчерашната посета на владината делегација на Делчево и Разловци, а по повод одбележувањето на 149 години од Разловечкото востание.
Во селото Разловци беше презентирана „Целосната реконструкција на Спомен- домот на Разловечкото востание и нова музејска поставка“ – проект на Министерството за култура и туризам, во износ од 21 милион денари.
„Во 2025 година, Спомен-домот на Разловечкото востание е прогласен за значајно културно наследство. Во пресрет на одбележувањето на 150-годишнината од Востанието, следната година, почнуваме со целосна обнова на објектот и со поставување современа музејска поставка. Секој дел од поставката и секој експонат ќе биде дизајниран да ја раскажува вистината за Востанието, за храброста, жртвата и значењето на македонскиот отпор“, додаде министерот Љутков. Тој исто така посочи дека Националниот конзерваторски центар веќе го подготви проектот за обнова на објектот, а работната група ја заврши и програмата за новата музејска поставка. Во моментов проектот за обнова на објектот е на стручна контрола во Управата за заштита на културното наследство и во најскоро време се очекува да завршат административните постапки за добивање конзерваторско одобрение, по што веднаш ќе биде објавена јавна набавка и ќе започне реализацијата.
„Хероите како Димитар Поп Георгиев Беровски и поп Стојан не вложиле сè што имале, и имот и живот, за ние денес да заборавиме. Тие го направиле тоа за ние да паметиме, да учиме и да градиме држава која отсекогаш знаела да ги препознае вредностите на македонската историја. Затоа ова не е обичен проект. Ова е враќање на долгот кон сите што го положиле својот живот за Македонија, не барајќи слава туку слобода. Тие не умреа за да заборавиме туку за да паметиме, да се гордееме и да изградиме држава што не ги заборава своите корени. Затоа денес, ние сме тука за да се поклониме, но и да покажеме дека нивната жртва не била залудна“, истакна министерот Љутков.
При посетата на Владината делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски, Златко Перински, беше направен и увид на градежните активности на проектите од Владиниот повик „Реконструкција на улици во населба Ново Делчево“, во должина од 1943 метри, со чија реализација населбата Ново Делчево ќе добие комплетно реконструирана инфраструктура. Направен беше и увид на проектот „Регулација на дел од река Габровчица, општина Делчево’’ во должина од 700 метри. Со реализација на овој проект, пак, ќе се намали излевањето и ерозијата на река Габровчица и ќе се постигне заштита од поплави.
Организатор на посетата, по повод 149 години Разловечко востание, е од страна на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров’’ – Делчево. Евидентно беше што на настанот не присуствуваше градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски, кој е од редовите на опозициската СДСМ. (Д.Т.)