вторник, февруари 10, 2026
Дома МАГАЗИН Сполај ти, Боже, што ни ги чуваш легендите!

Сполај ти, Боже, што ни ги чуваш легендите!

138

Перо Камиказа за здравствената состојба на познатиот музички новинар и радиоводител, Драган Б. Костиќ!

Гитаристот и фронтмен на легендарниот македонски рок-бенд „Меморија“, Петар Георгиевски попознат како Перо Камиказа, ја потресе јавноста со својата емотивна порака посветена на познатиот новинар и радиоводител, а воедно и автор на емисиите „Дискоселектор“ и „Заборави ако можеш“, исто така и автор на неколку други радиопроекти, како што се: „Радиоурнебе“, „Пријатели, добар ден!“, квизот „Јас ли сум на ред?“. Во текот на кариерата стана и страстен колекционер на над еден милион аудиозаписи.

Тоа е Драган Б. Костиќ, кој деновиве се соочува со сериозни здравствени проблеми. Георгиевски вели дека се гордее со тоа што растел покрај таков великан радиоводител и дека му е неизмерна радоста бидејќи повторно (за сега, преку телефон) го чувствува неговиот ведар, оптимистички дух. – Драган Б. Костиќ овие неколку месеци ја бие животната битка, да се биде или не. Сполај му на Бога, има волја за живот. Овие денови, се слушаме и сè подобро ми звучи. Мислата му е бистра и на секое прашање одговара концизно и точно. Јас и Драган Б. Костиќ имаме уште многу што да направиме и да раскажеме заедно. На маестрото му посакувам што побрзо целосно закрепнување и повторно беседење за сè и сешто. Сполај ти, Боже, што ни ги чуваш легендите!!!

Камиказа ја сподели и пораката што му ја испратил Костиќ во далечната 2018 година. Во неа, популарниот водител пишувал за пензијата како за некој нов почеток во својот живот, но пишувал и за вредностите на семејството. – Човек не се памети по бројот на годините, туку по она што ќе го остави зад себе. Токму затоа, ако можеш, оставај уште многу! Само напред и само туркај!

Да не се заборави дека во 2024 година, со музичкиот настан насловен „Последниот танц“, Драган Б. Костиќ славенички ја одбележа својата 50-годишна кариера како музички новинар и музички радиоводител. (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ