Зоран Драгиќ (36) е нов кошаркар на Сплит, потврдија од клубот на социјалните мрежи.

  • Зоран Драгиќ е новиот играч на Сплит и ќе се приклучи на тимот во понеделник. Драгиќ е 36-годишен словенечки репрезентативец, кој минатата сезона играше за Билбао и го освои ФИБА Европа Купот, а во својата импресивна кариера ги носеше дресовите на Цедевита Олимпија, Жалгирис, Басконија, Улм, Трст, Анадолу Ефес, Олимпија Милано, Химки, Уникаха, Крка, Слован, Јанча, Илирија, а во НБА играше за Феникс и Мајами, соопштија од клубот.

Драгиќ игра на позициите два и три, а зад себе има импресивна кариера, во која има 152 настапи во Евролигата и 16 во НБА. Тој е повеќекратен шампион на Словенија, а ја освои и титулата во Шпанија. Може да се пофали и со освојување на купови во Италија и Турција.

ИЗДВОЕНИ