Видео на кое се гледа како американскиот претседател Доналд Трамп ги затвора очите за време на настан во Овалната соба на Белата куќа стана вирално на социјалните мрежи во текот на викендот, а неговите противници брзо ја искористија можноста да ја доведат во прашање неговата ефикасност на функцијата, објави денес CNN.
Трамп присуствуваше на состанок со други функционери за да разговара за намалување на цените на популарните лекови за слабеење.
Понекогаш, неговите очи изгледаа затворени, а друг пат изгледаше дека има тешкотии да ги држи отворени.










