Спектакуларна глетка видлива и со голо око: „Крвава Месечина“ на небото низ целиот свет

995
EPA/PETER SCHNEIDER

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо, ноќва може да го набљудуваат целосно затемнување на Месечината, познато и како „крвава месечина“, кое е видливо со голо око за повеќе од седум милијарди луѓе низ целиот свет, што го прави највидливото затемнување во повеќе од една деценија.

Што е „крвава месечина“?

Овој небесен феномен се случува кога Земјата поминува директно помеѓу Сонцето и Месечината, фрлајќи ја својата сенка врз Месечината. Иако е во сенката на Земјата, Месечината не исчезнува целосно, туку добива црвеникава нијанса. Таа боја е резултат на расејување на сончевата светлина низ атмосферата на Земјата, слично на тоа како зајдисонцата изгледаат црвени.

Спектаклот ќе биде видлив низ цела Северна и Јужна Америка, Европа, Африка и делови од Азија. Фазата на целосно затемнување трае еден час и 27 минути, што ви дава многу време да уживате во погледот.

За разлика од затемнувањата на сонцето, набљудувањето на затемнувањето на Месечината не бара посебна опрема и е целосно безбедно за очите. Сепак, двогледот или телескопот можат да го подобрат искуството и да откријат повеќе детали на површината на Месечината.

Експертите претходно истакнаа дека ова е единствена можност за набљудување на вселенските феномени.

„Ова е небесен настан за сите. Тоа е можност да го видиме нашиот сончев систем во акција од нашиот сопствен двор“, рече д-р Алфонс Стерлинг од Центарот за вселенски летови „Маршал“ на НАСА.

Низ историјата, „крвавите месечини“ биле набљудувани со страхопочит, а според фолклорот и суеверија, тие биле поврзани со пророштва и важни настани. Следното широко видливо целосно затемнување на Месечината нема да се случи до 2029 година.

ИЗДВОЕНИ