Македонската ММА натпреварувачка, Даниела Алексовска, забележа импресивна победа уште во првата рунда од дуелот со Молдавката Флочеа Алида, на спектаклот „Армада 14“ што се одржа во арената „Јане Сандански“ во Скопје.

Во последната минута од воведната рунда, Алексовска успеа да ја фати својата противничка за раката во одличен зафат, од кој Алида немаше излез. Судијата веднаш реагираше и ја прекина борбата за да не дојде до некоја несакана повреда, а на Алексовска и ја додели победата.

Оваа победа е одлична најава за следниот предизвик на Алексовска, која на 27 септември ќе ги брани македонските бои на Светското ММА првенство во Тбилиси.

ИЗДВОЕНИ