Специјалниот претставник на Белата куќа, Виткоф, тврди дека САД ги прекинуваат преговорите за прекин на огнот во Газа

125
Фото:википедија

Специјалниот претсавник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, изјави дека САД ги прекинуваат преговорите за прекин на огнот во Газа и го враќаат својот преговарачки тим од Катар на консултации откако најновиот одговор на Хамас покажа „недостаток на желба за постигнување прекин на огнот во Газа“, пренесе „Бета“.

„Иако медијаторите вложија големи напори, Хамас не се чини дека е координиран или дека дејствува со добра намера“, рече Виткоф. „Сега ќе разгледаме алтернативни опции за враќање на заложниците дома и ќе се обидеме да создадеме постабилна средина за луѓето од Газа“, додаде тој. Тој рече дека е штета што Хамас дејствувал на таков „себичен начин“ и дека САД се решени да бараат крај на конфликтот во Газа.

Администрацијата на Трамп со месеци не успева да направи пробив во разговорите за догоговр за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас бидејќи условите во Газа се влошија. Територијата неодамна го доживеа најсмртоносниот ден за хуманитарните работници во повеќе од 21 месец војна, при што најмалку 85 Палестинци беа убиени во недела додека се обидуваа да добијат храна.

Двете страни одржаа недели разговори во Катар, при што објавија мали знаци на напредок, но без поголеми пробиви. Официјалните лица велат дека главниот проблем е повторното распоредување на израелските трупи по секое примирје.

Порано денес, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика преговарачкиот тим на својата земја во Израел, поради одговорот на Хамас.

Во кратко соопштение, канцеларијата на израелскиот премиер соопшти дека ги цени напорите на Виткоф и катарските и египетските посредници, но не даде дополнителни детали.

Договорот што се разгледува би вклучувал 60-дневен прекин на огнот во кој Хамас ќе ослободи 10 живи заложници и ќе ги предаде телата на 18 во фази, во замена за Палестинците што се држат во израелските затвори. Во тој период, хуманитарната помош би се зголемила и двете страни би преговарале за траен прекин на огнот.

Разговорите се заглавени поради спротивставени барања за крај на војната. Хамас вели дека ќе ги ослободи сите заложници само во замена за целосно повлекување на Израел и крај на војната. Израел вели дека нема да се согласи да ја заврши војната сè додека Хамас не се откаже од власта и не се разоружа, што милитантната група го одби.

„Стејт департментот“ претходно оваа недела соопшти дека Виткоф ќе отпатува на Блискиот Исток на разговори, но американските претставници подоцна изјавија дека Виткоф ќе патува во Европа. АП вели дека не е јасно дали тој бил на денешните состаноци.

ИЗДВОЕНИ