Ансамблот од претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на Македонскиот народен театар, ја доби специјалната Стеријина награда за колективна актерска игра на 70. „Стеријино позорје“ во Нови Сад, што се одржа од 26 мај до 3 јуни.

Одлуката е донесена едногласно на завршната седница на жири-комисијата на годинашниот театарски фестивал, во состав: Вања Ејдус, актер и претседател; Дражен Ференчина, режисер; Федор Шили, драмски писател; Петар Грујичиќ, театролог и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател. Годинава, 70. „Стеријино позорје“ се одржа под мотото „Создавање историја /менување на иднината“.

Во претставата игра веќе докажаната актерска екипа: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска.

– Концептот во кој поединецот на сцената има смисла само во група што комуницира преку заедничка душа и каде што сите се поврзани меѓусебно, кој е јасно видлив во оваа претстава, покажа и докажа каде му е местото на МНТ во театарот на овие простори и, по подолго време, го врати МНТ меѓу наградените на овој реномиран театарски фестивал – велат оттаму.

ИЗДВОЕНИ