Специјалецот на Путин на разговорите во САД донел бонбони со цитати од Путин/ФОТО

130
EPA/MAXIM SHIPENKOV

Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, на преговорите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, донесе специјални чоколадни плочки кои на обвивката имаат цитати од Владимир Путин,  пишува „EA Daily“.

Тој  на каналот Телеграм објави фотографии од бомбоните и чоколадните плочки што им ги донел како мал гест на внимание.

Сепак, обвивките на овие слатки се особено интересни поради цитатите на нив. Меѓу пораките, се издвојуваат неколку, а тоа се:

„Руската Федерација не ги напушта своите“

„Границите на Руската Федерација не завршуваат никаде“

„Го продолжуваме дијалогот меѓу Руската Федерација и Соединетите Американски Држави“, наведе тој во својата објава.

ИЗДВОЕНИ