Спасувачка акција на ЦУК за повредено лице над Горно Јеловце – повредениот ќе биде пренесен до Клинички центар

31
Фото:ЦУК ФБ

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска во 17:24 часот добил пријава за едно повредено лице при превртување на теренско возило на планинскиот пат над село Јеловце, општина Врапчиште. Веднаш за настанот се известени полициските станици Гостивар и Галате.

Денеска, на 21.09.2025 година, во 17:24 часот, е добиена пријава за едно повредено лице при превртување на теренско возило на планинскиот пат над село Јеловце, општина Врапчиште. Веднаш за настанот се известени ПС Гостивар и ПС Галате, информираат од ЦУК.

Оттаму пренесуваат дека пријавата е добиена преку Едиствениот број за итни повици. Бидејќи теренот е тешко пристапен за возило на Итна медицинска помош, по барање на директорот на ЦУК, г. Мухамед Али, ДОЦ достави барање до Министерството за внатрешни работи за ангажирање на хеликоптер и специјални единици (алпинисти) за спасување на повреденото лице.

Лицето ќе биде транспортирaно до Клинички центар за укажување на понатамошна медицинска помош.

ИЗДВОЕНИ