Македонскиот фолк-пејач и водител на фолк-емисијата „Везилка“, Спасен Силјаноски, не можеше да ја скрие големата радост што му ја предизвикаа, пред некој ден, дечињата, неговите најмали и најмили комшии, пречекувајќи го со неговиот хит, кои им е омилен, „Ќе ти дојдам вечер“.

…Ќе ти дојдам вечер јас во зла доба,
ќе ти легнам тивко јас на перница.
Ќе ти дојдам вечер, пенџер отвори,
љубов што ти носам ќе нè изгори…..

Пејачот, кој е сè попопуларен и меѓу децата, емотивно им возврати: „Ова е мојата најголема награда, ова е тој момент што ме прави најсреќен и најисполнет. Зарем има нешто послатко од тоа кога ќе ве пречекаат овие прекрасни дечиња пред домот за да ви го испеат вашиот рефрен? Горд сум што дечињата од мојот комшилак не слушаат шунд, туку си ја сакаат онаа нашата, македонска песна“.

И тоа не е сè. По низата успеси на естрадата, сметајќи ја за успех и оваа забава со децата, Спасен се упати на заслужен летен одмор. Деновиве е семејно во Дубровник, бисерот на Јадранот, каде што ги поминува ноќите радувајќи им се на прошетките на легендарниот дубровнички Страдун. Тој како во тамошната серенада „На Страдуну ко у кругу, гдје од фонтане свако вече вода тече“.                                                   Спасен покажа дека има и чувство и за летно облекување. Сега е како оној вистински морски додворувач од песните на славните „Дубровачки трубадури“: со бела летна шапка на главата и во шарени бермуди. До него е  неговата поубава половина, на која може слободно да ѝ ја испее „Ла музика ди ноте“…..Отвори драга прозор и слушај моје ноте….

Згодната сопруга Ана го следи во секој чекор. И таа има иста таква бела шапка.        А, белата боја им е омилена на двајцата: летна, совршено создадена за овие тропски горештини. Впрочем, така на море уживаат само искрено вљубените!

(Д. М.) фото: ФБ

ИЗДВОЕНИ