Денеска, на исклучително тежок и непристапен терен во близина на планината Пелистер, успешно беше изведена спасувачка акција за извлекување на повреден планинар со скршеница на нога, информираше министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Во акцијата учествуваа тројца припадници на Одделот за воздухопловни единици и четворица припадници на специјалната антитерористичка единица „Тигар“.
„Упатувам искрена благодарност за нивната пожртвуваност, професионализам и човечност. Со оваа акција нашите припадници уште еднаш докажаа дека македонската полиција секогаш е таму каде што е најпотребна, особено кога се спасува живот и се делува под најтешки услови“, изјави министерот Тошковски.