сабота, февруари 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Спасен параглајдерист закачен на дрво

Спасен параглајдерист закачен на дрво

94

Вчеравечер иако под лоши временски услови со силен ветер, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно го симнал странскиот палаглајдерист кој бил закачен на дрво високо над 30 метри, во близина на Крушево. Тој за среќа нема сериозни повреди.

За несреќната случка, дека странски државјанин додека летал  со палаглајдер удрил во дрво, се здобил со повреди и останал да виси на него, ДЗС било информирано од полициската станица-Крушево, доцна попладнето.

Од ДЗС информираат дека локалните сили не можеле да го симнат повредениот параглајдерист, поради што итно бил активиран нивниот тим за спасување на планина.

ИЗДВОЕНИ