Долготрајната кашлица, особено сувата и иритирачка, е чест проблем во текот на студените денови и ги погодува и децата и возрасните, а ловоровиот сируп може многу да ви помогне.
Еден од природните начини за ублажување на симптомите е користењето домашен сируп од ловоров лист, кој помага во смирување на грлото и олеснување на дишењето.
Ловоровиот лист е познат по своите смирувачки, антиинфламаторни и антисептички својства. Освен што го ублажува иритацијата на дишните патишта, помага и во зајакнување на имунитетот и чистење на респираторниот систем.
За сува кашлица која не произведува флегма, сирупот од ловоров лист може да ја намали потребата од постојано кашлање, додека чајот од ловоров лист дополнително ја хидрира мукозната мембрана и го олеснува дишењето.
За влажна кашлица која произведува флегма, се препорачува инхалација со пареа од ловоров лист. Оваа постапка помага да се разреди слузта и да се олесни нејзиното исфрлање од дишните патишта.
Ловоровите листови содржат есенцијални масла, танини и горчливи материи, а исто така се богати со витамини А, Ц и Б6, како и минерали како железо, калциум и манган, што ги прави вреден сојузник во текот на студената сезона.
Домашен сируп од ловоров лист и лимон
Овој природен лек традиционално се користи за постојана кашлица, а лесно се подготвува.
Потребни состојки:
- 6 големи сушени ловорови листови
- 1 лимон
- 3 лажици мед
- 3 дл. вода
Подготовка:
Водата ставете ја да зоврие, потоа додадете ги ловоровите листови и варете ги околу пет минути во покриен сад. Потоа извадете ги листовите и оставете ја течноста да се олади.
Во млаката течност додадете мед и свежо исцеден сок од лимон. Кога сирупот целосно ќе се олади, истурете го во чисто стаклено шише или тегла.
Сирупот се зема по една лажичка три пати на ден, а може да се користи почесто за време на силни напади на кашлање.
Инхалација со ловоров лист
За инхалација со пареа, треба да додадете четири до пет ловорови листа во литар врела вода. Наведнете се над садот, покријте ја главата со крпа и вдишувајте ја пареата десет до петнаесет минути, внимавајќи да не се изгорите.
Оваа природна постапка може значително да го олесни дишењето и да го забрза закрепнувањето.
Подготовка на чај од ловоров лист
За да го подготвите овој пијалок, треба да исечете или скршите три свежи или суви ловорови листа на помали парчиња. Прелијте ги со околу 2,5 дл вода и варете ги десет минути.
Потоа тргнете од оган, покријте и оставете да отстои уште десет минути, а потоа процедете. Кога чајот малку ќе се олади, додадете една лажица сок од лимон и една лажица домашен мед.
Се препорачува да се консумираат две до три чаши дневно.












