Спас за срцето и ослабен срцев мускул: Глогот е исклучително лековит, смирува аритмија, ослободува од стрес и е особено препорачлив за луѓе над 50 години – еве зошто!

48

Глогот е толку лековита билка што околу него е создадена легенда за тоа како од ова растение е направена Христовиот венец од трње.

Глогот со векови се користи за лекување на луѓе и животни, а неговата моќ се покажува со тоа што е вклучен и во магичните ритуали. Имено, постои верување дека Христовиот венец, односно трновиот венец е направен од глог и дека само со глог може да се запрат вампирите.

Во секој случај, вистината е дека овошјето содржи голем број здравствени придобивки и со право го носи епитетот „најлековито растение на светот“.

Во книгите за хомеопатија стои дека глогот е вреден како лек за срцето и дека неговата тинктура е исклучително добра за спречување на срцев удар.

Оваа билка нашироко се користи за одржување на здравјето на циркулаторниот систем, висок крвен притисок, ослабен срцев мускул и срцева аритмија. Се препорачува по срцев удар, бидејќи го зголемува протокот на крв во коронарните крвни садови.

Промовира активност и подобра исхрана на клетките на срцевиот мускул. Во принцип, секој постар од 50 години треба повремено да зема тинктура од глог.

Покрај проблемите со срцето, глогот помага и кај други здравствени проблеми како што се:

1. Замор, недостаток на енергија, лош сон, отежнато дишење, вртоглавица, палпитации на срцето, нервоза, зуење во ушите.

2. Глогот е растението кое има најсилно смирувачко дејство.

3. Помага при менопауза

4. Помага при слабеење, бидејќи го исфрла вишокот вода од телото.

5. Го зајакнува сврзното ткиво во зглобовите

6. Ги смирува дигестивните проблеми

Плодовите од глог се берат наесен кога се светло црвени. Плодовите потоа се сушат, но можете и да ги сомелете, па да ги исушите и да ги користите за чај.

ИЗДВОЕНИ