Се користи во народната медицина уште од античко време. Спасител за белите дробови, варењето на храната, срцето. Што може да излечи тиквата, малку други растенија можат. Многумина веруваат дека нема полековит зеленчук од овој.
Тиквата е околу 90 проценти вода, а содржи и голем број вредни состојки како што се протеини, јаглехидрати, масти, витамини А, Ц, Б1, Б2, Б3, Б6, ниацин, фолна киселина, минерали (калиум, фосфор, калциум, железо), олиго и микроелементи, пектин и целулоза.
Поради сето погоре наведено, таа е одлична за превенција од многу болести, а е особено корисна во овие случаи:
Тиквата е одлична за респираторниот тракт и одржувањето на здравјето на белите дробови, спасител за белите дробови. Студија спроведена во Кина покажа дека луѓето кои редовно јадат тиква имаат 27 проценти помали шанси да развијат рак на белите дробови, сето тоа благодарение на големата количина на бета-каротен, кој во телото се претвора во витамин А.
Бројни студии покажаа дека храната богата со бета-каротен може да го намали ризикот од одредени видови рак, како и да заштити од срцеви заболувања.
Поради високата содржина на влакна и ниската калорична вредност, таа е одлична храна за оние кои сакаат да ослабат. Исто така, содржи пектин, целулоза и други растителни влакна, што ја прави лесна за јадење. Речиси и да нема масти, а 100 грама тиква содржи само околу триесет калории.
Доколку тиквата се користи редовно, може да се спречи предвремено стареење на телото, развој на кардиоваскуларни заболувања и формирање на катаракта.
Таа е добар сојузник во борбата против остеопорозата благодарение на изобилството на цинк.
Тиквата го регулира варењето на храната, делува како лаксатив и се препорачува за борба против запек.
Се препорачува за луѓе кои страдаат од депресија поради високиот процент на аминокиселината Л-триптофан. Оваа киселина го стимулира лачењето на серотонин во телото и предизвикува добро расположение и чувство на среќа.
Плодот од тиква се препорачува во народната медицина како диуретик за отстранување на вишокот вода од телото, особено кај луѓе кои страдаат од ревматизам, гихт, воспаление на бубрезите и мочниот меур.
Одлично за дијабетичари
Тиквата може да ја јадат и дијабетичари, под услов да не ја засладуваат, како и луѓе со заболувања на желудникот и тенкото црево.
Се покажа како одлична и за луѓе кои страдаат од кожни заболувања, особено псоријаза.
Сокот од тиква се препорачува за луѓе кои страдаат од бубрежни и кардиоваскуларни заболувања.
Тиквата се користи и за производство на масло, кое е особено препорачливо за мажи, за одржување на здравјето на простатата.
За третман на рани, изгореници или испукана кожа, народната медицина препорачува нанесување на ова масло на болното место.












