Грчката кошаркарска репрезентација веќе обезбеди место во осминафиналето на Европското првенство. Запиша три победи по исто толку одиграни кола, а нивниот следен натпревар е против тимот на Босна и Херцеговина, дуел во кој влегува како апсолутен фаворит.

На последниот натпревар против Грузија, Јанис Адетокумбо одигра одлична партија. Гркот доминираше со 27 поени и осум скока, водејќи ја Грција до третата победа. Но, по натпреварот, селекторот Василис Спанулис, сепак, го приземји Адетокумбо. Тој на прес-конференција беше прашан дали може Јанис Адетокумбо да се спореди со бројни легенди на грчката кошарка, вклучувајќи го и Никос Галис?

  • Не, не можам да ги споредувам. Сите ние во Грција играме кошарка поради еден човек, а тоа е поради Галис и секако поради целата таа генерација. По нив, пристигна нова генерација, па имавме три медали за пет години со играчи како Зизис, Дијамантидис, Папалукас, започна Спанулис.

Сепак, тој нагласи дека многу го цени Јанис и сè што тој носи во грчката репрезентација.

  • Секоја генерација е различна. Благословени сме што го имаме Јанис бидејќи тој секогаш има правилен пристап и менталитет. Тој е многу скромен, игра за својата земја, ги сака своите соиграчи. Присутен е и сака да победува заедно со нив, додаде Спанулис.

Со Адетокумво во врвна форма и Спанулис на клупата, кој се покажува како одличен тренер, како и како одличен играч, Грција е меѓу фаворитите за освојување на Евробаскетот. Многумина во Грција се надеваат дека оваа генерација ќе може да ја продолжи успешната традиција и да донесе уште еден медал во витрините на грчката кошарка.

Од друга страна, Полска и понатаму го живее својот сон, откако го доби и третиот натпревар на Евробаскетот, овој пат против победувајќи го Исланд во тесен натпревар со 84:75. Полјаците предводени од Џордан Лојд покажаа дека се многу сериозна репрезентација која исто така се стреми кон медал оваа година.

Најефикасен играч беше Џордан Лојд со 24 поени, по него следуваше Матеуш Понитка со 18 поени, седум скока и осум асистенции. Хинасон беше најдобар играч за исландскиот состав со 21 поен и 10 скока.

ИЗДВОЕНИ