
Новиот тренер на најтрофејниот италијански клуб, Јувентус, Лучијано Спалети, се обиде да стави крај на сите шпекулации кога е во прашање иднината на српскиот интернационалец, Душан Влаховиќ. Искусниот напаѓач има договор со „старата дама“ до крајот на актуелната сезона, но трофејниот стручњак откри дека Србинот сака да остане во Торино.











