Италијанскиот атлетичар Матија Фурлани го освои златниот медал во скок во далечина на Светското првенство во Токио. Тој го освои златото со скок од 8,39 метри во петтата серија.

Стана првиот Италијанец што освоил златен медал во скок во далечина на Светско првенство.

Јамајчанецот Таџај Гејл беше втор со скок од 8,34 метри, а Кинезот Јухао Ши го освои бронзениот медал со скок од 8,33 метри.

ИЗДВОЕНИ