Совршено летно саботно освежување: Пикантна салата со диња и прелив од сусам

70

Искористете ја сезоната на дињата да уживате во ова летно овошје за приготвување малку необични комбинации. Дињата совршено може да се комбинира со други и овошја и зеленчуци, а надополнета со сочен прелив може биде кралица на секоја летна салата. Уживајте овој рецепт за салата од домати, диња и краставица со дресинг од сусам, кој веднаш ќе стане вашата омилена летна закуска, предјадње или дури цел оброк.

Состојки:

(за четири до шест лица)

360 г домати
480 г диња
300 г краставица
една шака магдонос
За дресингот:

  • 60 г сусам, печен
  • 1 зелена чили пиперка
  • 1 чешне лук, излупено
  • 1/2 лажичка ким
  • 1/2 лажичка оригано
  • кора и сок од 1 лимета, плус повеќе по вкус
  • 1/2 лажичка јаворов сируп, плус повеќе по вкус
  • 120 мл ладно цедено маслиново масло
  • морска сол, црн пипер

Подготовка:

Исечете ги доматите на големи парчиња и ставете ги во голем сад за мешање.

Излупете ја дињата и извадете ја од семките, потоа исечете ја на парчиња слични по големина на доматот и додадете ја во садот, пишува The Week.

Потоа излупете ја, пресечете ја и извадете ја од семките краставицата, исечете ја на ист начин и додадете ја во садот.

Зачинете со половина лажичка морска сол и црн пипер, а потоа тргнете ја настрана.

За да го направите дресингот, загрејте мала сува тава на средна температура.

Додадете ги сусамот, чили пиперките и лукот и пржете неколку минути додека сусамот не добие карамелизирана боја, а чили пиперките и лукот целосно не поруменат. Додадете го кимот на крајот, а потоа исклучете ја топлината.

Префрлете ги чили пиперките и излупениот лук во мал процесор за храна, заедно со ориганото, кората и сокот од лимета, јаворовиот сируп и половина лажичка морска сол, и пулсирајте додека не се соединат.

Грубо издробете ги сусамот и кимот со помош на аван и толчник, оставајќи една лажица од смесата за подоцна, а остатокот додадете го во дресингот, заедно со маслиновото масло.

Сега процедете го сокот што се собрал на дното од садот со зеленчукот и овошјето и измешајте го во дресингот.

Измешајте го зеленчукот и овошјето во дресингот и проверете го зачинот, додавајќи повеќе сол, јаворов сируп или сок од лимета по потреба за вкусно богат, кисел вкус.

ИЗДВОЕНИ