Утрото по прославата на Нова Година, најдобро е да се започне со нешто лесно и пријатно за желудникот, еден од добрите избори е овесна каша со јаболко и цимет.
По обилните вечери, доцните закуски и недостатокот на сон, телото често бара одмор. Тешката храна може дополнително да го оптовари варењето и да предизвика чувство на тромост веќе во раните часови. Затоа денот по прославата е идеално време да се одлучите за оброк кој е лесен за варење, но сепак дава доволно енергија.
Лесен појадок не значи лишување, туку паметен избор во согласност со потребите на телото.
Состојки:
4 лажици овесна каша
200 мл вода или млеко од растително потекло (овесно, бадемово)
1 јаболко
прстофат цимет
неколку капки сок од лимон (по желба)
мед или јаворов сируп (по желба)
Подготовка:
Излупете го јаболкото и ситно исечкајте го или изрендајте го.
Истурете ја овесната каша и течноста во тенџере, потоа гответе на тивок оган, мешајќи околу пет минути. Додадете го јаболкото и циметот и продолжете со готвењето уште неколку минути, додека кашата не стане мека и кремаста.
На крај, тргнете од оган, додадете малку сок од лимон и засладете по вкус.
Ако сакате уште полесна верзија, користете само вода и прескокнете ги засладувачите, јаболкото и циметот ќе обезбедат доволно природна сладост.
Оваа каша е добар избор затоа што:
не го оптоварува дигестивниот систем
содржи влакна кои помагаат во варењето
го загрева и смирува желудникот
одлично оди со билен чај
може да се збогати со мала количина јаткасти плодови по желба












