Совршен избор за појадок, ужина или вечера во време на пост: Проја без јајца

21
Фото:википедија

Едноставен рецепт за посна проја направена од пченкарно брашно – брзо подготвена, вкусна и идеална за појадок, ужина или лесен оброк, кој нема да ви одземе повеќе од пет минути за подготвка.

Состојки

  • 300 г пченкарно брашно
  • 100 г пченично брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 200 мл масло
  • 500 мл кисела вода
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици семки по ваш избор (сусам, лен, сончоглед) – по желба

Подготовка

Подгответе ги сувите состојки:

Во голем сад, измешајте ги пченкарното и пченичното брашно, прашокот за печиво и солта. Ако користите семки, додадете ги веднаш.

Додајте го маслото:
Истурете го маслото во смесата од суви состојки и добро измешајте.

Додајте ја киселата вода:
Постепено додавајте ја киселата вода, мешајќи додека смесата не стане мазна и хомогена.

Истурете во калапи, или тавче:
Истурете ја смесата во силиконски калапи за печење или во поголем калап за леб.

Печење:
Ставете го калапот во претходно загреана рерна на 180°C и печете околу 40 минути, додека пројата не добие златно-кафеава кора.

Совети за сервирање
Посната проја е одлична за појадок, ужина или вечера.

Можете да ја јадете така или со сезонски намази, ајвар, лутеница, макала или салати и чорби.

Ако сакате крцкава кора, печете во поголем калап и кратко пред да го извадите, прелијте малку масло одозгора.

ИЗДВОЕНИ