Оваа поставка во која учествуваа шеснаесетмина уметници од различни генерации со 20 свои дела, се реализира како дел од програмските активности на Друштвото на ликовните уметници на Македонија и претставува комплексен дијалог за состојбата и за можностите на скулптурата како медиум во современото живеење. Вечерта, беше доделена наградата „Боро Митриќески“ за најдобро скулпторско решение, и тоа на уметницата Татјана Ристовска, за нејзина теракотна скулптура

Во галеријата на Музејот на Град Скопје од завчеравечер е отворена изложбата насловена „Современа скулптура“ 2025, која секоја година привлекува огромен интерес кај љубителите на уметноста, а така беше и овој пат. Оваа поставка во која учест вуваа шеснаесетмина уметници од различни генерации со 20 свои дела, се реализира како дел од програмските активности на Друштвото на ликовните уметници на Македонија и претставува комплексен дијалог за состојбата и за можностите на скулптура та како медиум во современото живеење. Вечерта, беше доделе
на наградата „Боро Митриќески“ за најдобро скулпторско решение, и тоа на уметницата Татјана Ристовска, за нејзина теракотна скулптура.

– „Современа скулптура“ е традиционална селективна изложба што ја поттикнува македонската ликовна сцена за развој на овој медиум и ДЛУМ на овој начин овозможува континуиран развој и поддршка на скулпторското мислење. Во
рамките на изложбата, претставени се скулптури од различни материјали и
имаше голем интерес на авторите за учество и на публиката да ја проследи изложбата дури и пред да биде поставена – вели Маја Рауник-Кирков, претседателка на Уметничкиот совет на ДЛУМ.


Таа додаде дека делото на Татјана Ристовска е направено од керамика и е составено од три посебни дела со органски форми, а изработката е со огромна педантност и посветеност и со многу детали и текстура. Наградата, пак, е во вид на диплома и парична од страна на семејството на скулпторот Митриќески.

Инаку, од ДЛУМ посочуваат дека на изложбата, даден е акцент на поврзаноста помеѓу
класичните скулпторски вредности и современите истражувачки импулси.

– Од една страна, присутен е изразот со благородни материјали како мермерот, бронзата, дрвото, кои ја потврдуваат континуираната врска со традиционалната скулпторска практика, а, од друга страна, експериментирањето со нетрадиционални
медиуми и истражувачки решенија, кои зборуваат за свесноста на уметниците за проширените граници на скулпторското поле.

Материјалноста се јавува како централно прашање. Употребата на мермер, инокс, бронза, дрво, теракота, но и комбинацијата на железо, жица, плексиглас, огледало, восок и други материјали не е само техничко прашање , таа е концептуален став на
уметникот. Секој материјал носи своја семантичка тежина, своја историја. Делата, во овој случај скулптурите, се движат во континуум помеѓу фигуративното и апстрактното– додаваат од ДЛУМ.

Оттаму посочија дека е важен и односот на скулптурата кон просторот.

– Отворените конструкции, употребата на сенки, рефлектирачките површини и инсталативните решенија го активираат просторот како конститутивен елемент на делото, не само како негов контекст. Делата создаваат нови релации, ги предиз
викуваат движењето и перцепцијата на гледачот. Меѓугенерациската присутност покажува дека скулпторската практика не е прашање на генерациска припадност туку на индивидуална креативна енергија и концептуална јасност – додаваат од
ДЛУМ. (Д.Т.)

ИЗДВОЕНИ