вторник, февруари 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Советот на обвинители ќе може да иницира разрешување на државниот јавен обвинител

Советот на обвинители ќе може да иницира разрешување на државниот јавен обвинител

27

Предлог-законот за Советот на јавни обвинители е усвоен на вчерашната владина седница, по што ќе оди во собраниска процедура на усвојување. Министерството за правда, денеска, соопшти дека законското решение е значаен чекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и на транспарентноста на јавнообвинителскиот систем.

Некои од клучните измени кои се предлагаат се засилена улога на Советот во постапката за избор и разрешување на државниот јавен обвинител, вклучително и можност за поднесување иницијатива за разрешување до Собранието, како и зајакната транспарентност на работата на Советот.

– Понатаму, се предложува детално уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која се поведува врз основа на образложено барање од најмалку четири члена на Советот, воведување прецизни и јасни критериуми за избор на членови на Советот, со кои се гарантира стручност, искуство и интегритет, по пример на новиот Закон за Судскиот совет, како и детално уредена постапка за разрешување на член на Советот, со прецизирани рокови и јасни критериуми – наведуваат од Министерството за правда.

На крајот на декември минатата година, Владата го усвои и предлог-законот за јавно обвинителство.

Пред да се најдат на владина седница, овие два закони беа позитивно оценети од Венецијанската комисија на Советот на Европа во мислењето, кое за двете предлог-законски решенија, во јули минатата година, го побара министерот за правда, Игор Филков.

ИЗДВОЕНИ