среда, февруари 4, 2026
Дома БАЛКАН Советот на Европа испраќа шестчлена делегација да ги набљудува изборите во Косово

Советот на Европа испраќа шестчлена делегација да ги набљудува изборите во Косово

65

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАССЕ) објави дека нејзината делегација од шест члена ќе ги набљудува изборите во Косово, закажани за 28 декември, објави „Бета“.

За време на престојот во Косово од 27 до 29 декември, членовите на делегацијата предводена од Јунус Емре од Турција ќе се сретнат со лидери и претставници на водечките политички партии, вклучително и на малцинските.

Тие ќе се сретнат и со претседателите на Централната изборна комисија и на Комисијата за жалби и приговори на изборите пред денот на изборите, како и со претставници на меѓународната заедница, невладините организации и медиумите.

Правна поддршка за време на посетата ќе обезбеди член на Венецијанската комисија на Советот на Европа, група независни правни експерти.

Членовите на делегацијата ќе одржат прес-конференција на 29 декември, каде што ќе презентираат прелиминарни проценки за изборите, се вели во соопштението.

ИЗДВОЕНИ