петок, февруари 6, 2026
Дома СКОПСКА Советот да ја измени одлуката за користење еднократна парична помош

Советот да ја измени одлуката за користење еднократна парична помош

111

Коалицијата „Менуваме“, која се залага за правата на лицата со попреченост, побара дополнување на одлуката на Советот на Општина Аеродром за користење еднократна парична помош.

– Иако беше исплатена сумата согласно со оваа одлука, примателите од детска и од социјална заштита, т.е. лицата со попреченост добија по 3.500 денари, додека социјално ранливите категории – по 6.000 денари. Да им се даде шанса на луѓето што не го искористиле еднократниот паричен надоместок, со следната одлука, да аплицираат и лицата што добиле од претходната исплата по 3.500, да се надополни со линеарно доделување по 6.000 денари на сите – изјави Суарет Алиша од коалицијата „Менуваме“.

Тој ги повика сите политички субјекти во Советот на Општината да воспостават контакт со нив и заеднички да креираат политики за лицата со попреченост што живеат на територијата на оваа Општина.

Воедно, го повика и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, да оствари средба со коалицијата „Менуваме“ со цел, на локално ниво, да се градат политики што ќе бидат во интерес на лицата со попреченост.

 

ИЗДВОЕНИ