Секој ден кога избирате да тренирате, додавате плус години во вашиот живот и го подобрувате квалитетот на живеењето, а со тоа го намалувате стресот и ја подобрувате целосно работата на срцето и на мозокот
Не е важно дали имате 20, 30 или 70 години, никогаш не е доцна да почнете да се грижите за вашето тело. За вежбањето и физичкото здравје никогаш нема возрасни граници. Сè што ви треба се стручен совет од физиотерапевт и од професор по физичко образование, одлучност, посветеност и дисциплина.
Секој ден кога избирате да тренирате, додавате плус години во вашиот живот и го подобрувате квалитетот на живеењето, а со тоа го намалувате стресот и ја подобрувате целосно работата на срцето и на мозокот. Исто така си овозможувате подобар сон, подобра циркулација, појака мускулна сила и маса и што е најважно, спречувате појава од мускулен спазам и настанување на нови дегенеративни процеси и болести во вашето тело.
Затоа, не користете ги возраста и немањето време за себе како изговор.
Користете ја можноста како мотивација да си докажете себеси дека годините се само број и дека може да имате само корист од физичката активност. Најдобро може да го постигнете сето ова со стручна помош од доктор и од физиотарапевт, а како резултат да постигнете подобрување на здравјето и нормално функционирање во секојдневието.
Здравјето е најважната работа, внимавајте на себе и искористете ги советите, па поставете ни прашање и имајте на ум дека секогаш постоиме тука за вас да ви покажеме дека заеднички можеме да успееме во целта.
(Авторот е специјалист по здравствен фитнес,
Ординација за физиотерапија ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ)