среда, февруари 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Совет на ЈО: Ја чекаме пријавата па ќе заседаваме

Совет на ЈО: Ја чекаме пријавата па ќе заседаваме

227

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Башким Бесими, по најавата на дисфалификуваниот кандидат за државен обвинител Владимир Панчевски дека сите членови кривично ќе ги гони за злоупотреба на службата, вели дека ќе ја почекаат пријавата па ќе заседаваат по наводите во истата.

„Тој засега најавува по медиуми, да почекаме да видиме дали ќе поднесе па ќе се произнесеме, кусо одговори Бесими за весникот Вечер. За наводите на Панчевски дека му е повредено законското право да се кандидира во однос на работниот стаж, Бесими повторува прво да ја виделе кривичната пријава па ќе се произнеле по наводите.

Советот на јавни обвинители го исфрли од трката Панчевски поради, како што рекоа, немањето најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на кривичното право, како што пропишува Законот за јавно обвинителство. (П.А)

 

ИЗДВОЕНИ