Состојбата на американскиот претседател што го збуни светот дијагностицирана: Трамп направи лекарски преглед поради отечени нозе и модринки на раката

86

Белата куќа во четврток соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп бил подложен на медицински тестови за „благ оток“ на нозете и модринки на едната рака, што открило состојба на вените која е вообичаена кај луѓето над 70 години.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, сподели белешка од лекарот на Трамп за време на брифингот за медиумите во кој детално е опишан прегледот. Трамп бил подложен на ултразвук и „сеопфатен преглед“ што вклучувал дијагностичка васкуларна студија, објави The Hill.

Прегледот открил дека Трамп, кој има 79 години, има хронична венска инсуфициенција. Состојбата се јавува кога вените во нозете на лицето имаат тешкотии да ја вратат крвта во срцето, предизвикувајќи згрутчување на крвта, според Кливлендската клиника.

Левит рече дека нема докази за длабока венска тромбоза или артериска болест.

Неодамнешните фотографии открија и модринки на надлактицата на претседателот. Лекарот на Трамп рече дека трагите се „конзистентни со мали оштетувања на меките ткива од чести ракувања“.

Трамп го направи својот годишен лекарски преглед во април, по што неговиот лекар напиша белешка во која наведува дека претседателот е во „одлична здравствена состојба“.

„Претседателот Трамп покажува одлично когнитивно и физичко здравје и е целосно способен да ги извршува должностите на врховен командант и шеф на државата“, напиша тогаш лекарот од Белата куќа Шон Барбела.

ИЗДВОЕНИ