Сопственикот на британски „Дејли меил“ го купува конкурентот „Телеграф“

0

Сопственикот на „Дејли меил“, (DMGT), во понеделникот изјави дека се согласил да го купи конкурентот „Телеграф“ за 500 милиони фунти или 650 милиони долари, создавајќи една од најмоќните десничарски медиумски групи во Велика Британија, објави „Ројтерс“.

Договорот дојде една недела откако американската инвестициска фирма „РедБирд Капитал Партнерс“ ја повлече својата понуда за купување на „Телеграф“, еден од најтиражните британски весници.

Извор близок до „РедБирд“ за „Ројтерс“ изјави дека тие се откажале од купувањето поради континуираното противење од страна на вишите уредници на „Телеграф“.

Оние кои се запознаени со преговорите рекоа дека трансакцијата вредела околу 500 милиони фунти, а „Фајненшл тајмс“ наведе дека цената е одредена за да ги покрие парите на конзорциумот предводен од „РедБирд“.

ИЗДВОЕНИ