вторник, февруари 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сопственик на кафеана во Тетово посредувал во вршење проституција

Сопственик на кафеана во Тетово посредувал во вршење проституција

139

Во текот на вчерашниот ден лишено од слобода едно лице поради сомнение за посредување во вршење проституција

Вчера во 11:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Г.Н.(59) од Тетово. Во неговиот дом и помошни простории, согласно судска наредба, извршен е претрес поради основано сомнение дека сторил кривично дело казниво по член 191 од Кривичниот законик. Претходно, на 11.09.2025, при акциска контрола во неговиот угостителски објект на улица „Јане Сандански”, поради истото сомнение од слобода беше лишена 41- годишната Г.Ш. од с.Бојане, скопско.

Т.Н. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ