Маж на возраст од 53 годишни од Врапчиште со пиштол убил 53-годишна жена од село Равен, гостиварско, па ја закопал во земја. На убиството претходеле низа настани. Сопругата на убиецот всушното го признала делото.
СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од село Неготино, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.
– Имено, на 09.12.2025, Ј.М.(34) од гостиварско пријави дека неговата мајка Х.А.(53) од село Равен, гостиварско, се оддалечила од домот, а подоцна на безбедносните камери забележал дека на 07.12.2025 таа влегува во патничко возило „фиат“, по што е недостапна на телефон. Исто така, тој пријави дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 06.12. и 07.12.2025 С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба. На 11.12.2025 во 02:15 часот, С.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него, информираа од полицијата.
По преземени мерки во врска со случајот, по извршени проверки на видео записи, констатирано е дека пријавениот дал лажен исказ во полициска станица. Воедно, од добиениот листинг на повици утврдено е дека Х.А. последен пат имала контакт со него на 07.12.2025.
– Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на С.М., по што од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В.(48). Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана. После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А., соопштија од полицијата.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.
Почината жена пронајдена закопана во дупка во гостиварско: Две лица се уапсени












