Сопругата на Шумахер по разводот: Не сакам да го сменам презимето, тоа ми носи пари!

602
EPA/Kerim Okten

Семејната драма меѓу Ралф Шумахер, помладиот брат на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, и неговата поранешна сопруга Кора не стивнува, иако се разведени од 2015 година.

Двојката беше во брак од 2001 година и имаат заеднички син, Дејвид, кој ги следи стапките на својот познат татко и чичко во мото-спортот.

Иако одржуваа релативно нормална врска со години по разводот, сè се промени во последната година или нешто повеќе, кога Ралф откри дека е во врска со маж. Таа информација, според германските медиуми, предизвика тензии меѓу поранешните сопружници, а Кора целосно се дистанцира од својот поранешен сопруг.

И покрај сè, Кора е решена да го задржи познатото презиме.

„Да знаев каков е, никогаш немаше да се омажам за него. Немаше да ги расипам моите најдобри години за сите пари на светот“, изјави Кора за германските медиуми, нагласувајќи дека нема намера да го врати своето моминско презиме – Бринкман.

„Зошто би го направила тоа? Би било прилично глупаво. Презимето Шумахер ми носи пари“, рече таа без двоумење.

По разводот, Кора се посвети на сопствениот бизнис и на медиумските настапи, честопати користејќи ја препознатливоста на своето презиме. Ралф, од друга страна, генерално води позатскриен живот, посветен на работа со млади возачи и поддршка на својот син Давид на неговото тркачко патување.

И додека Ралф јавно не коментира за ваквите изјави на неговата поранешна сопруга, германската јавност ја следи оваа сè понапната семејна сага со голем интерес.

ИЗДВОЕНИ