Сопруга на Андреј од ДНК, Наталија Ѓорѓиеска, денеска на протестот „Марш за Ангелите“ порача дека тие не бараат сожалување, ниту пак сочувство, туку бараат правда, вистина, фер постапка и гаранција дека ниту едно семејство нема да се разбуди во ноќта која тие ја преживеале.

  • Бараме да покренете иницијатива за одржување надзорна расправа пред надлежната собраниска комисија, како и да формирате посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата бидејќи трагедијата не е бројка, туку живот. Трагедијата претставува сериозна навреда на најосновните човекови права – право на живот, безбедност и право на навремено и ефективно постапување на институциите во ситуација со закана на живот. Бараме да се утврди зошто институциите задоцнија, никој не треба да живее во мислата дека некој можел да биде спасен а не бил, вели Наталија.
Наталија порача да се утврди вистината каде се случиле пропустите.
  • Кој не реагирал? Кои институции задоцнија? Кој ја имал должноста да спречи, а а не спречил? Бараме посебна анкетна комисија затоа што имаме право сите на вистина. Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања без одговор и недоразјаснети околности. Ние семејствата останавме со сомнеж дека вистината овој пат е сокриена. Анкетната комисија е неопходно да го обезбеди следново: сите факти да излезат на виделина; проверка на постапување на сите институции од локално до централно ниво; да се утврди евентуална политичка или службена одговорност; да се подготват мерки коишто ќе спречат и и ќе гарантираат дека ваква трагедија никогаш повеќе никому нема да му се случи, вели сопругата на Андреј од ДНК, Наталија.

ИЗДВОЕНИ