Папата Лав XIV денес изјави дека континуираните руски напади врз Украина ги оставаат цивилите во земјата изложени на зимскиот студ и уште еднаш повика на прекин на конфликтот што трае веќе четири години.
„Продолжените непријателства… имаат сè посериозни последици за цивилите“, рече папата по неговата неделна молитва Ангел Господов. Ги повикувам сите да ги засилат своите напори за да се стави крај на оваа војна“, рече папата.












