четврток, јануари 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сообраќајот во зимски услови, намалена видливост во околината на Кочани

Сообраќајот во зимски услови, намалена видливост во околината на Кочани

12

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Намалена видливост до 150 метри има во околината на Кочани, а на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

Како што информира АМСМ, екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци. Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта, порачуваат од АМСМ.

ИЗДВОЕНИ