Сообраќајната полиција во Грција ќе ги казни сите возачи ако заборават да ја носат задолжителната опрема за патнички возила и ако не ги почитуваат сообраќајните прописи, а казните можат да бидат до 1.500 евра. Како што е наведено на Инстаграм страницата на Здружението „Пресретнувач“ сообраќајната полиција во Грција ќе ги казнува дури и најмалите прекршоци.
За да ги избегнат казните возачите, ова Здружение ги потсетува возачите што треба да имаат во своето возило. Рефлектирачки елек во кабината, не во багажникот, безбедносен триаголник поставен на 50 до 100 метри оддалеченост, ПП апарат (S2 – 2 кг) во исправна состојба и со важечки сервис, комплетен и непроменет комплет за прва помош и комплет за поправка на резервно тркало или гума.
Тие додаваат дека нема оправдување за истечен рок на прва помош, а казната за тоа е 100 евра, за непоседување на предупредувачки триаголник е исто така 100 евра, за возење во влечки е 50 евра, додека за пушење во автомобил со деца казната е дури 1.500 евра, пренесува Танјуг.
Здружението апелира до возачите да ги почитуваат сите прописи и да се информираат за нив, бидејќи контролите се вршат секојдневно.