СВР Тетово информира дека вчера се случила сообраќајна несреќа во градот во која на тешките повреди им подлегнал 68-годишник кој се движел со велосипед.
„Во незгодата С.С. се здобил тешки телесни повреди се констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што им подлегнал на повредите и починал“, информираат од СВР Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а за настанот е известен Јавен обвинител при ОЈО Тетово.