Во Египет се судрија камион и минибус, при што загинаа 19 лица, соопштија официјални лица, пренсе „Бета“.
Минибусот превезувал работници, а несреќата се случила на регионален пат во градот Ашмун, соопшти Министерството за труд. Три лица ја преживеале несреќата.
Министерот за труд Мохамед Гебран им нареди на властите да преземат неопходни мерки за исплата на отштета на семејствата на жртвите – до 200.000 египетски фунти (околу 4.000 долари) на семејствата на загинатите и 20.000 египетски фунти (400 долари) на секое повредено лице.
Локалните власти соопштија дека причината за несреќата ќе биде итно истражена и дека од Министерството за транспорт е побарано да ја процени безбедноста на регионалниот пат.
Смртоносните сообраќајни несреќи одземаат илјадници животи секоја година во Египет, каде што безбедноста на патиштата е слабо следена. Брзото возење, лошите патишта и лошото спроведување на сообраќајните прописи се главните причини за повеќето несреќи.